ХИЛАРИ КЛИНТОН ги обвини руските разузнавачи за хакирањето на службените сервери на Демократската партија

Сподели

Hillary-Benghazi-640x475

Хилари Клинтон ги обвини руските разузнавачи за хакирањето на службените сервери на Демократската партија, од која таа произлезе како кандидат за претседател на претстојните претседателски избори кои треба да се одржат во ноември.

– Знаеме дека разузнавачките служби ги пробија серверите на Националниот комитет на Демократската партија. Знаеме исто така дека организираа објавување на многу од овие електронски писма. Знаеме и дека Доналд Трамп демонстрира премногу проблематична желба да го поддржува Путин, изјави Клинтон.

Според неа ова се прави со цел Русија да влијае на изборите.

 На прашањето, дали според неа Русија се стреми Доналд Трамп да биде избран за шеф на државата, Клинтон одговори дека нема да избрзува со слични заклучоци.

– Мислам дека ако се постават фактите, се јавуваат сериозни прашања за руската интервенција во нашите избори, во нашата демократија, рече Клинтон и додаде дека нема намера да трпи такво однесување од било кои држави.

Неодамна сајтот Викиликс објави електронска кореспонденција на Демократската партија на САД, детали од која доведе до оставка на шефот на националниот партиски комитет и до обвиненија против Клинтон дека партискиот апарат има работено во нејзина корист за време на изборите.

Русија на овие обвинувања одговори дека нема било каква вмешаност.