Над половина милион лица се собраа на геј парадата во центарот на Ванкувер, во канадската провинција Британска Колумбија. Парадата, на која се вееја знамиња со виножито, ja отвори канадскиот премиер, Џастин Трудо.
– За мене е голема чест, што се враќам тука во Ванкувер за парадата на гордоста- изјави воодушевено премиерот Трудо.
Трудо е првиот канадски премиер кој се вклучил на манифестација од ваков вид.