Ѓоковиќ триумфираше по 4-ти пат на турнирот во Торонто (ВИДЕО)

Сподели

98007-gjokovikj-go-osvoi-rodzhers-kupot-vo-toronto

Тенисерот број 1 во светот, Новак Ѓоковиќ очекувано го освои Роџерс купот од сериите „Мастерс“ на тврда подлога во Торонто, Канада откако во финалето го победи постaвениот под број 3 во шемата, Кеј Нишикори (Јапонија) со 6:3, 7:5.

Натпреварот беше прекинат за кратко поради дожд, но не го спречи Србинот да ја освои четвртата титула по 2007, 2011 и 2012-та година. 29-годишниот Ѓоковиќ ја освои шестата титула во сезоната и 30-та од турнири во сериите „Мастерс“. Од личен аспект против Нишикори пак забележа деветта последователна победа и има предност од 10:2.

– По Гренд слем, турнири како овој се следниот чекор, за да докажуваш дека си број 1. Среќен сум што го освоив овој Мастерс. Продолжувам да бидам концентриран и мотивиран. Сакам да им се заблагодарам и на публиката, чија енергија од трибините ја чувствував, рече Ѓоковиќ по успехот.

Во својот прв турнир по елиминацијата на Вимблдон, Ѓоковиќ имаше тешкотии во вториот сет до 5:5, но непредизвиканите грешки на Нишикори му помогна да забележи брејк, кој му обезбеди на крајот и победа.