ИК на ВМРО-ДПМНЕ ја прифати иницијативата за референдум

Сподели

 

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната седница едногласно и во целост ја прифати инциијативата за референдум и народно изјаснување во однос на штетните делови кои опфаќаат целосна асимилација, промена на историјата и бугаризација, изјави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски.

Во перидот што следи, партијата почнува процес на широка консултација со експертската и општествената јавност за природата, карактерот и формулацијата на референдумското изјаснување чија крајна цел, како што кажа, е „народно спротивставување на идентитетско обезличување.