Во текот на вчерашниот ден (03.10.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 452 возачи.
Од нив 43 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а девет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 203 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 249 надвор од населено место.
МВР апелира сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.