До утрово до 8.30 минути од невремето во Скопје има 15 загинати, 6 лица се водат за исчезнати, а 22 граѓани се повредени и хоспитализирани на скопските клиники, официјално информираа од МВР.
Најголем дел од жртвите се од Стајковци, Сингелиќ, Смилковци и Арачиново, каде има и најмногу урнати и поплавени куќи, како и уништени возила.
Како што сооштуваат од МВР ноќеска и денеска од МВР се ангажирани Специјалните единици при МВР (ЕБР, ЕСЗ,ПЕП,Единицата за Јавен ред и мир) како и дополнителни служби и тоа : крим техника од Штип, Велес и Тетово, додека пак од останатите служби, ангажирани се Бригадата за против пожарна заштита, Јавното претпријатие Водовод, Дирекција за спасување и заштита, Итна медицинска помош и пајак служба.
Од здравствените служби, интервенирале 12 тима на Брза Помош за повредени луѓе по невремето што го зафати Скопје. Во текот на ноќта и изутрината имале 65 интервенции на терен во скопскиот регион од кои кај 12 била констатирана смрт. Меѓу починатите има и осумгодишно дете.