Бектеши: Се прават калкулации од 1. јануари да нема поскапување на струјата

Сподели

 

Министерот за економија Крешник Бектеши пред почетокот на настанот Балкан Експо најави дека од 1 јануари за домаќинствата нема да има поскапување на цената на електрична енергија, а ќе поевтини таа за малите потрошувачи.

– Ние носиме одлуки и за заштита на буџетот, зошто тоа е буџетот на секој граѓанин на државата, и граѓаните да бидат снабдувани со електрична енергија. Така ќе биде до крајот на грејната сезона за електричната енергија и граѓаните нема да имаат зголемени сметки од 1 јануари, а компаниите најверојатно ќе имаат намалени сметки  на електрична енергија, објави министерот.

Тој најави во наредните денови и мерки за поевтина електрична енергија и за компаниите на слободниот пазар.

– Се соочуваме со енергетска криза, секојдневно институциите се подготвуваат да им излезат во пресрет на компаниите. Работиме на нови мерки, веќе се дизајнирани новите мерки, со цел да му помогнеме уште повеќе на стопанството и најверојатно наредните денови заедно со стопанските комори ќе излеземе со мерки со кои ќе им излеземе во пресрет, имајќи ги во предвид подготовките што сме ги направиле во делот на производство на електрична енергија, во делот на контактите што ги имаме со странство. Не само граѓаните да бидат снабдувани непречено. Така ќе биде снабдувано и стопанството и тоа со цени кои ќе бидат конкурентни не само во регионот, туку и на европско ниво, најави Бектеши.