Македонија е во консултации со НАТО по веста дека ракета падна во Полска

Сподели

 

Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за надворешни работи Бујар Османи се загрижени за експлозијата во Полска, во која загинаа две лица. 

„Сочувство до премиерот Моравјецки за загубите на животи во експлозијата близу до украинската граница. Ова е време да бидеме уште поодлучни во нашата основна задача – да ја зачуваме територијата на НАТО безбедна и сигурна. Работиме со сојузниците на собирањето на сите факти за овој трагичен настан”, напиша Ковачевски на Твитер.

И министерот Бујар Османи објави дека Македонија е во консулатација со НАТО и изрази сочувство до полскиот народ.

 

 

„Во консултации сме со сојузниците на НАТО и внимателно ја следиме ситуацијата”, напиша Османи.