Вкупно пет милиони денари или 81.300 илјади евра се собрани досега од телефонскиот број за донации за поплавеното население, потврдуваат од Црвен крст.
Телефонскиот број 143-400 беше отворен вчера на пладне и ќе биде во функција и наредните неколку дена.
На телефонскиот број може да се донира од сите мобилни оператори.
Според член 24 точка 10 од Законот за данок на додадена вредност, за услугите со кои се овозможува донирање на финансиски средства за хуманитарни цели не се плаќа ДДВ.