Тимот на OBK или македонскиот Red Bull Campus Clutch шампион, во периодот од 11-17 декември, беше на гостување во Сао Паоло, Бразил каде ги “вкрстија копјата” со 50 тимови од различни делови од светот во борба за титулата НАЈДОБ АР СТУДЕНТСКИ VALORANT ТИМ & НАГРАДА ОД 20.000 ЕВРА!
Инаку тимот OBK (екс Brazil Bound) е актуелен национален шампион на Red Bull Campus Clutch или најголемото студентско натпреварување во играта Valorant кој во ноември 2022 година со динамична игра, паметна тактика и прецизни прсти успеа да го порази тимот на Zoomers со вкупен резултат од 3:0 и со тоа да го осигура своето место на глобалното финале во Сао Паоло, Бразил.
Во Бразил, македонскиот тим OBК, кој пред почетокот на првенството важеше за тим со најмал коефициент за пласман понатаму во плејоф фазата, на лице место прикажа неверојатно– стабилна, зрела и максимално фокусирана игра и сѐ до полуфиналната фаза изигра без грешка т.е. без ниту еден изгубен натпревар.
Баш поради тој факт, тимот OBK за многу кратко време стана миленик на публиката во Бразил! Буквално цела сала во еден глас го скандираше името “Македонија” и искрено навиваше за пласман на најголемото и најпријатното изненадување на турнирот – Тимот OBK од Македонија во големото финале.
Но, за жал тимот OBK и покрај убедливите настапи во групната и плејоф фазата, во полуфиналето беше поразен од глобалниот Red Bull Campus Clutch шампион – тимот на Northwood University од Америка кои успеаја да го победат нашиот тим со вкупен резултат од 2:0 во партии.
Сепак, на крај од полуфиналниот натпревар, сите присутни во публиката благо разочарани искрено навиваа и и вистински се радуваа на успехот на тимот OBK! Нашите претставници дефинитивно ги освоија срцата на публиката во Сао Паоло!