Закани за бомби во 115 основни и средни училишта во Србија

Сподели

 

Според првите информации, дојави за подметнати експлозивни направи биле испратени на имејл адресите на 78 основни и 37 средни училишта во белградските општини, соопшти денеска Министерството за образование на Србија.

На родителите со пораки им било кажано да не ги носат децата во прва смена, а за попладневната смена ќе бидат известени дали треба да дојдат или не.

Екипи на Министерството за внатрешни работи (МВП) се на терен.