Лога до Апасиев: По Тито и Хоџа, следна дестинација за поклонување ти е гробот на Мусолини

Сподели

 

Откако се поклони на гробовите на Јосип Брзо Тито и Енвер Хоџа, следната дестинација за поклонување на Димитар Апасиев е гробот на Бенито Мусолини, се вели во ракцијата на министерот за правда Кренар Лога по наводите на Димитар Апасиев.

“Господине Апасиев, наместо да се гордеете дека во изводот на родени ќе стои националност- Македонец/Македонка, Вие со својата деструктивна политика по секоја цена сакате да ги држите граѓаните во заблуда за свои политички цели.
 
Како “самопрогласен” борец на интернационалистите, Вие треба да водите грижа за сите граѓани и народи, рамноправно да се развиваат во својата држава.
 
Ако денеска сиромашниот македонец се потпишува како припадник на друг народ не заради добивање на извод туку поради бесперспективноста и блокадата, господине Апасиев Вие сега имате можност да ги поддржите уставните измени кои ќе ни го отворат патот во ЕУ и ќе ни овозможат подобра иднина на сите.
 
Ден поскоро во Европската Унија, значи СТОП на ДЕМАКЕДОНИЗАЦИЈАТА.
#СтопнаФашизмот#СлободанаНародот”, се наведува во реакцијата на министерот Лога.