Во рамките на проектот “Поддршка за инклузивен развој на услуги за долгорочна грижа во заедниците преку инкорпорирање на партиципативни пристапи на различни чинители“ (InCARE) “, поддржан од Европската комисија, во периодот од 19-22 јули, четири претставници од Итно копче, извршија Студиска посета во Црвениот крст Грац, Виена.
За време на посетата тимот на Итно Копче при Црвен крст на РСМ- Црвен крст на град Скопје, имаше можност детално да се запознае со сервисите кои се достапни во Црвен крст Грац. Фокусот беше ставен на услугите за стари лица, како што е домашната нега и копчето при итни ситуации.