Силна експлозија синоќа одекнала во дворот на Радио-телевизија Косово (РТК), во непосредна близина на сателитските предаватели, соопшти телевизијата.
Во експлозијата, која одекнала синоќа околу 22 часот, нема повредени лица.
Веднаш по настанот, полицијата ја блокирала зградата на телевизијата и трага по докази за да утврди дали зградата на телевизијата била цел на напад со експлозив.
Во моментот на експлозијата, во просториите на РТК имало новинари и други вработени.