Кабинет на Претседателот: Префрлени се 3,4 милиони долари од продажбата на Мисијата на СФРЈ во Њујорк

Сподели

 

Во врска со наводите изнесени од страна на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ за заедничката продажба на објектот на Мисијата на поранешна СФРЈ при ООН во Њујорк, информираме дека претседателот Пендаровски е редовно информиран од надлежното министерство за досегашниот тек на процесот, се наведува во денешното соопштение од кабинетот на претседателот на државата.

Oд вкупниот износ на средства, 4 милиони американски долари, дел кој ѝ припадна на Република Северна Македонија, 3.4 милиони се префрлени, а останатиот дел од 0.6 милиони се очекува да биде префрлен наскоро.

Согласно договорот, кога ќе биде заокружена целата купопродажна трансакција, сите средства ќе бидат префрлени во нашиот државен буџет.

Претседателот Пендаровски очекува дека средствата од заедничката продажба на имотот кои ѝ припаднаа на Северна Македонија да бидат искористени согласно заклучоците на Владата за купување на простории за Постојаната мисија при ООН во Њујорк и за објект за амбасада во Софија.