РСЕ: Сите заборавија на „Прибе”

Сподели

PRIBE

Еврокомесарот Јоханес Хан неколкупати ги напоменуваат препораките на Прибе во контекст на напредокот на Македонија кон Европската унија.

Власта не направи ништо од она што го препорача експертот Прибе, а се однесуваше на следењето на комуникациите, судство, изборите, медиумите…Во меѓувреме и опозицијата не инсистира на спроведувањето на реформите. Власта има интерес да ги одолговлекува, а опозицијата е фокусирана само на фер избори.

Десетици пати во изминатава година владини претставници и високи функционери од ВМРО-ДПМНЕ најавуваат исполнување на итните реформски приоритети, односно на препораките од извештајот на тимот експерти предводен од Германецот Рајнхард Прибе.

Но во пракса најавите не се исполнуваат, а се чини дека сите заборавија на реформите и се фокусираат само на спроведување на Договорот од Пржино, сметаат експертите.

Според Марко Трошановски од Институтот за демократија, реалноста е дека приоритетите во разрешувањето на политичката криза се други, а итните реформи подразбираа владата да направи акционен план за спроведување на препораките.

„Со најавата на премиерот дека ќе се започне со имплементирањето на акциониот план истиот и конечно, по речиси една година задоцнување, беше објавен и стана достапен за јавноста, меѓутоа покрај овој чин на објавување на документот ништо повеќе не беше преземено од страна на Владата“, вели Трошановски.

Груевски уште лани во јуни соопшти дека владата усвоила план за нови реформи за европската интеграција со конкретни мерки и рокови. Една година подоцна планот не се реализира, а неговиот наследник на функцијата Емил Димитриев во мај годинава рече дека ќе ја засилел комуникацијата со институциите за спроведување на реформите.

Еден месец подоцна во јуни Груевски овојпат од позиција на претседател на партија повторно најави дека првите предлози од државните институции би требало да дојдат како пакет следните недели во областите судство, медиуми, администрација, безбедност.

За тоа додаде тој ќе биле консултирани домашни, меѓународни експерти, а ќе била вклучена и опозицијата. Во меѓувреме и опозицијата , а и владиниот коалициски партнер ДУИ не инсистираат на спроведувањето на реформите.

„Најмногу интерес секако има владата која само го одолговлекува спроведувањето на реформите, а всушност презема чекори што се против реформите. Опозицијата се надева дека ќе го оствари тоа што е можно – се фокусира само на фер услови за избори, а меѓународната заедница се држи до принципот дека дипломатијата е уметност на можното и го прави само она што е можно да се договори меѓу политичките партии“, вели Малинка Ристевска-Јорданова од Институтот за европска политика.

Текстот во целост прочитајте го тука

Фросина Димеска