Спасовски: Одговорност за счучајот на Онкологија мора да има!

Сподели

 

Во интервју за ТВ21, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски истакна дека ја разбира загриженоста на граѓаните за случајот со Клиника за онкологија.

„Единствено во овој момент што го разбирам е загриженоста на сите нас како граѓани. Тоа е посебна емоција кога станува збор за овој сегмент во здравството, тука се последните надежи на една личност која се бори со ваква опака болест и сака да се потпре на систем, на лекари. Без разлика кој учествувал во ова, сериозна штета се нанесува на системот, на лекарите кои во огромно мнозинство се хумани луѓе”, рече министерот Спасовски.

„За тоа ќе се носи одговорност, многу е важно квалитетно да се заврши процесот и виновниците со име и презиме да одговараат пред надлежните органи. Само така ќе биде задоволена правдата и спрема граѓаните и спрема сите пациенти кои биле на Клиниката за онкологија”, рече Спасовски.

Запрашан за најавените протести, Спасовски истакна:

„Случајов, кога станува збор за човечки живот, според мене не треба да биде политизиран, на таков начин не покажуваме човечка димезнија. Важно е дека сегашното МВР, ЈО, е решено сериозно да даде одговор на сите прашања. Правото на протест е неприкосновено, со право се граѓаните револтирани, посебно кога се работи за здравје, за луѓе кои се борат за една минута од својот живот и затоа мојата порака е дека не смее да има никаква селективност или компромиси, тоа е клучна задача на тимот кој работи во целиот овој процес”, рече министерот Спасовски, упатувајќи уверување до граѓаните дека случајот ќе се разреши до крај, а потенцираше и дека со текот на постапката може да се отвораат и нови сознанија.

Прашан дали некој од Владата ќе интервенира, Спасовски беше категоричен:

„Прво, воопшто не ми е гајле дали некој ќе интервенира или не. Тимот кој работи на овој случај има задачи да ги открие сите виновници, не ми е важно ниту верска, ниту национална припадност, воопште не ме интересира дали е некој од Владата, СДСМ, ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса, која е таа политичка структура повредна од еден човечки живот?”, рече министерот Спасовски, упатувајќи апел до сите раководители на институции сериозно да се зафатат со почитување на процедурите на работење.