ИТАЛИЈА: Бројот на жртвите од земјотресот порасна на 120 лица

Сподели

izvlekuvanje-zemjotres

Премиерот на Италија, Матео Ренци изјави дека во разорниот земјотрес кој ја погоди Италија загинале најмалку 120 луѓе.

Претходните проценки покажуваа дека 70 лица ги загубија своите животи во потресот со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала, кој ја го погоди централниот дел на Италија.

Градот Аматриче во централна Италија веќе не постои поради штетата нанесена од силниот земјотрес.

После првичниот земјотрес следуваа и низа помали, кои придонесоа материјалната штета да биде поголема и жителите уште повеќе да паничат.

Според последните информации стотина луѓе се повредени, а и понатаму под урнатините се трага за исчезнати.

Се стравува дека бројот на загинати може да е многу поголем, со оглед на тоа дека голем број на објекти се срушени, а тоа им го отежнува пристапот на спасувачките екипи.

meta.mk