Бројот на загинатите во земјотресот што го погоди централниот дел на Италија се зголеми на 247 лица, од кои 190 загинале во областа Лацио, а 57 во областа Марке, соопшти италијанската агенција за цивилна заштита.
Италијанската Агенција за цивилна заштита соопшти дека спасувачите и натаму трагаат по преживеани од под урнатините на девастираните планински села.
Стотици лица се повредени, од кои поголемиот број се во хаотична состојба, пренесуваат француските медиуми.
Не е познат бројот на преживеани и загинати, кои се уште се наоѓаат под урнатините.
Утринава, во истиот регион е регистриран нов земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала.
Италијанскиот премиер Матео Ренци синоќа најави дека денеска ќе се прогласи вонредна состојба.