Последна шанса за пријавување на Виз Ер Скопски маратон 2023

Сподели

 

Полека, но сигурно наближува најголемиот спортски настан за оваа година. Уште 12 дена нѐ делат од најпознатата трка во Македонија и на Балканот, Виз Ер Скопски маратон, кој ќе се оддржи по 19-ти пат.

Маратонот е сертифициран од страна на АИМС и Светска атлетика и е дел од квалификациските трки за Светско првенство во старосни категории, под капата на ABBOTT WORLD MARATHON MAJORS, кое ќе се одржи во Чикаго на 8 октомври оваа година.  

 

 

Сите заинтересирани тркачи, кои сè уште не се пријавиле на настанот, тоа можат да го направат заклучно со 20-ти септември 2023 на официјалната страна на Виз Ер Скопски маратон http://skopskimaraton.com.mk/prijavuvanje/

19-то издание на Виз Ер Скопски маратон, ќе се оддржи во недела на 01.10.2023 година со традиционалните трки, кои се дел од оваа спортска манифестација. Стартот на маратонот ќе биде пред Собранието на Р. Македонија, додека целта ќе биде Плоштадот „Македонија“. Стартот на сите трки ќе биде во 08:00 часот.

Подигнување на стратните пакети сите учесници ќе имаат можност да го направат на 29ти и 30ти септември 2023, (петок и сабота), на Маратон и Спорт Експо 2023, во СЦ Јане Сандански, од 10:00 до 20:00 часот. При подигнување на пакетите, тркачите ќе треба да прикажат потврден меил од пријавата или документ за идентификација.

Секој учесник на Виз Ер Скопски маратон добива вредносен ваучер од 20 евра од насловниот спонзор на трката, Виз Ер, кој можат да го користат до наредното издание на маратонот.

Виз Ер Скопски маратон е во организација на Сојузот на спортови на Скопје, во соработка со Атлетски Клуб „Работнички“ од Скопје, а под покровителство на Град Скопје, Делегацијата на ЕУ и Агенцијата за млади и спорт.