Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 563 возачи.
Од нив 35 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а девет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Притоа 255 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 308 надвор од населено место.
МВР апелира сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.