Колективен погреб за 25 од 290 жртви од земјотресот во Италија

Сподели

Комеморацијата е одржана во Асколи Пичено, а покрај членовите на семејството, роднините и пријателите, присуствуваа и италијанскиот претседател Серџо Матарела, претседателот на Сенатот, Пиетро Грасо, премиерот Матео Ренци и многу други

thumbs_b_c_efe6d3da5115c62dd5a1a15e3ededccc

РИМ (АА) – Државниот колективен погреб за 35 од 290 жртви од разорниот земјотрес кој во средата наутро ја погоди централна Италија, е одржан денес во Асколи Пичено, јавува Anadolu Agency (AA).

Земјотресот со јачина од 6,2 степени траел 20 секунди. Меѓу жртвите кои денес се погребани се наоѓаат и две деца. Тие претходно се извлечени под урнатините причинети од земјотресот. Солзи и невернизи и денес на лицата на оние кои ги загубија своите најмили.

Комеморацијата е одржана во Асколи Пичено, а покрај членовите на семејството, роднините и пријателите, присуствуваа и италијанскиот претседател Серџо Матарела, претседателот на Сенатот, Пиетро Грасо, премиерот Матео Ренци и многу други.

Претседателот Матарела порача дека нема да ги остави сами оние кои се погодени од земјотресот и ќе продолжи да ги поддржува. Сеуште е во тек потрагата по лицата кои останаа под урнатините, а бројот на мртвите се зголемува од ден во ден.

Централниот регион на Апенинскиот Полуостров низ историјата доживеа неколку сериозни земјотреси. Во еден таков земјотрес со магнитуда од 6,3 степени, кој се случи во 2009 година кај градот Л’Аквила, загинаа најмалку 295 лица, повредени беа над илјада лица, а 55.000 останаа без покрив над глава.