Пет лица уапсени поради пожарот во институтот во Брисел

Сподели

brisel-napad-eksplozija

Пет лица се приведени и сослушани во врска со инцидентот во бриселскиот Институт за криминологија, соопшти белгиското обвинителство.

Според последните информации, тврдењата за подметната бомба во институтот се лажни и најверојатно во прашање е криминално дело, а не терористички акт, соопштија од обвинителството во Брисел.

– Станува збор за намерно подметнат пожар во лабораторијата на сојузната полиција – соопшти портпаролот и додаде дека експлозијата била последица на пожарот и оти немало подметната бомба.

Според претходните извештаи, еден или повеќе напаѓачи утринава со автомобил ја пробиле оградата и детонирале бомба во близина на лабораторијата, што предизвикало пожар.

Сè уште не е официјално потврдена причината за експлозијата, но портпаролот на противпожарната служба, Пјер Мес, рече дека причината најверојатно не е случајност, додека обвинителот одби да нагаѓа што е причина за експлозијата на Институтот за криминологија.

meta.mk