На денешната седница, Владата донесе дополнување на Одлуката за воведување рестриктивни мерки во поглед на активностите на Руската Федерација, со којашто се ограничува пристапот на воздухоплови на Руската Федерација, а согласно со Регулативата на Советот на ЕУ од Заедничката надворешна и безбедносна политика на Унијата, со којашто РС Македонија е целосно, односно 100-процентно усогласена.
Преку ова дополнување, надлежните министерства за надворешни работи и за одбрана ќе можат дополнително да одлучат за издавање одобрение за прелет и слетување на рускиот воздухоплов за време на одржувањето на триесеттиот министерски состанок на ОБСЕ во Скопје, во период од 29 ноември до 1 декември 2023 година.
Дополнувањето е согласно регулативата на ЕУ и одредбите во самите рестриктивни мерки, со коишто, за меѓународни конференции како што е Самитот на ОБСЕ во Скопје, се предвидени исклучоци за предметни рестрикции.