Лажна е пријавата за наводно исчезнато дете во Клинички центар

Сподели

 

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека во координација со ОЈО Скопје го расчисти случајот со наводно исчезнато дете на Клинички центар и утврдено е дека станува збор за лажна пријава од страна на Л.А.

Веднаш по добиената пријава, од страна на Единицата за насилен криминал при СВР-Скопје, а во консултација со ОЈО Скопје преземени се соодветни мерки и активности. Направени се детални проверки во системот на Гинеколошко акушерска клиника Скопје за примени пациенти, и притоа констатирано е дека Л А. последен пат е хоспитализирана во 2019 година. Исто така направени се проверки во системот на Детска клиника и притоа не е забележано новородено дете како што пријави Л.А..

Направени се проверки во ординацијата на матичниот лекар на Л.А. и притоа констатирано е дека таа била на преглед на 08.03.2023 година каде што од страна на докторот е констатирано дека Л.А. не е трудна. Извршен е разговор со докторот и од прибраните докази е констатирано дека пријавата на Л.А. е лажна. Во консултација со дежурен јавен обвинител Л.А. е лишена од слобода и задржана во полициска станица за понатамошно постапување.