ЕВАКУАЦИЈА НА ФРАНКФУРТСКИОТ АЕРОДРОМ ОД БЕЗБЕДНОСНИ ПРИЧИНИ

Сподели

Дел од аеродромот во Франкфурт, еден од најфреквентните на светот, денеска е евакуиран откако едно лице влегло заобиколувајќи ги безбедносните проверки.

Компанијата „Фрапорт“, која управува со аеродромот, соопшти дека евакуацијата била мерка на претпазливост и оти сите патници морале уште еднаш да минат низ безбедносната проверка.

Аеродромот во Франкфурт е четврти по број на патници во Европа и има капацитет за 65 милиони патници годишно.