ИТАЛИЈА: ЗА 48 ЧАСА СПАСЕНИ 10.000 МИГРАНТИ ВО СРЕДОЗЕМНОТО МОРЕ

Сподели

Illegal_Immigrants

Секојдневниот наплив на мигранти во Средозменото море се зголемува. Италијанската крајбрежна стража вчера спасила околу 3.000 мигранти, со што бројот на спасените лица во изминатите 48 часа достигна 10.000 лица.

Мигрантите се спасени во повеќе од 30 операции, кои го извршија италијанската крајбрежна стража, Фронтекс и воено-поморската мисија на ЕУ во Медитеранот, Јунавфор Мед.

– Речиси 7.000 луѓе за еден ден е навистина многу. Ако не е рекорд, тогаш е многу близу до рекорд – изјави претставник на Меѓународната организација за миграција.