ТУРЦИЈА: ПРОДОЛЖУВА “ЧИСТКАТА” ВО АРМИЈАТА

Сподели

turkey-army

Во Турција се отпуштени уште 820 припадници на копнените сили и на морнарицата, соопшти министерството за одбрана во Анкара.

По неуспешниот воен пуч извршен на 15 јули, Турција почна „чистка“ која не ги заобиколи ни истакнатите генерали и воени претставници, а сменети се и неколку илјади припадници на вооружените сили.

Оттогаш, поради сомнеж  за поврзаност со организаторите на пуч, сменети се 80.000 лица кои работеле во јавниот сектор.