Изложба “НАД БЕСКРАЈОТ НА СТЕНИТЕ” на Зоран Лазаревски во МКЦ

Сподели

 

Изложба “НАД БЕСКРАЈОТ НА СТЕНИТЕ”  на Зоран Лазаревски, МКЦ, 5 февруари, 20 часот
 
Не еднаш и не еден уметник занемено стоел пред совршените, беспрекорни творби на природата; и секој отсекогаш сакал барем да се доближи до чудесните форми и бои, да ги одгатне таинствените пораки што тие ги упатуваат – древни, вечни, секому важни.
 
Природата е ненадминат уметник; речиси нема некој, кој и да е, кога и каде да било, макар мигновено да не ја почувствувал нејзината семоќна рака, полноводната кристална река што струи низ неа. Многумина ќе поитаат да понудат одговор и објаснување, но мудриот Сенека би рекол – „Премногу сме смртни за да го спознаеме бесмртното.“
 
Зоран Лазаревски е роден 1949 г. во #Скопје.
Завршил училиште за применета уметност „2 Август“ во Скопје 1965-1970 година. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Белград 1975 година, во класата на професор Марко Крсмановиќ, отсек ликовна графика. Член на ДЛУМ од 1976 година. Самостојно изложувал на повеќе места, Скопје, Струга (93) , Струмица (1993 и 2023 год.)
Од 1975 до 2013 година е ликовен уредник на весникот Нова Македонија и добитник е на специјална награда по повод 60 години на весникот Нова Македонија за дизајн опрема на весници, книги, монографии, плакати, брошури и секаков вид на дизајн.
 
Изложбата ќе биде отворена до 21 февруари.