Пратеникот Амди Бајрам на вчерашната собраниска седница на која се гласаше техничката влада, рече дека време е после 6 месеци да излезе на говорница и да ја каже вистината:
– “Шест месеци слушав циркуси разни и само простудирав. Сега, време е да ви кажам СДСМ, што сакате и што барате министри во Владата, пак да ги вратите истите, па кој ве избрка, што си ги дадовте оставките. Народот знае колку сте допринеле и што сте направиле. Македонија ја упропастивте. Господ ќе ве казни, нема да имате ниту 20 пратеници” – рече Бајрам.
Тој нагласи дека нема да ги гласа министрите и дополнителните заменици министри кои ги предложи опозицијата.
Реплицираше пратеникот на СДСМ, Горан Сугарески, кој рече дека народот знае дека овој пат во Шуто Оризари нема да гласаат мртвите.