САД и Русија не ги надминаа несогласувањата во врска со сириската криза

Сподели

Неименуван американски дипломат изјави дека шефовите на американската и на руската дипломатија одржале повеќечасовна средба, но не дошле до заедничка идеја за решавање на сириската криза и за запирање на војната во таа земја

thumbs_b_c_740bc43be76ae14aa0a9e696c14c60b3

ХАНГЏОУ (АА) – Дипломатските делегации на САД и на Русија не успеаја да ги надминат несогласувањата за време на актуелните преговори за кризата во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).

Неименуван американски дипломат изјави дека шефовите на американската и на руската дипломатија, Џон Кери и Сергеј Лавров одржале повеќечасовна средба, но дека не дошле до заедничка идеја за решавање на сириската криза и за запирање на војната во таа земја.

Претседателите на САД и на Русија, Барак Обама и Владимир Путин учествуваат во тековниот Самит на лидерите на Г-20 во кинескиот град Хангџоу, токму денес тој двоец треба да одржи состанок на маргините на Самитот и да разговара за сириската криза.

Делегациите на двете земји во текот на повеќедневните преговори во Женева се обидуваат да постигнат договор којшто ќе резултира со потпишување на привремен прекин на огнот, со цел да се отвори можност за доставување хуманитарна помош за милионите сириски цивили кои останаа под опсада помеѓу линијата на силите лојални на режимот на претседателот Башар ал-Асад и силите на сириската опозиција.