ФИЛИПИНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ МУ СЕ ИЗВИНИ НА БАРАК ОБАМА ЗА СКАНДАЛОЗНАТА НАВРЕДА

Сподели

665003303001_4836527642001_Brightcove

Филипинскиот претседател Родриго Дутерте изрази жалење за навредливите зборови упатени кон американскиот колега Барак Обама.

Во својата писмена изјава, прочитана од неговиот портпарол, Дутерте се извинува за „силните зборови“ дадени како одговор на новинарско прашање и жали што биле сфатени како личен напад врз американскиот претседател.

Тој вчера имаше скандалозна изјава, нарекувајќи го Обама „кучкин син“, пред да замине на регионалната средба во Лаос, каде требаше да оствари средба со претседателот на САД. Тоа ќе беше прва средба на Обама со новоизбраниот претседател на Филипините.

По скандалот Обама го откажа учеството на дводневниот форум во Лаос.