Терористички напад на “Крокус Сити Холл” во Подмосковје

Сподели

 

Вчера во концертната сала “Крокус Сити Холл” во Подмосковје се случи терористички акт. Тројца мажи во маскирна облека отворија оган кон присутните, потоа се слушнале експлозии за на крај да има пожар кој ги зафатил горните спратови на комплексот. 

 

 

Погинати се 60 лица, а повеќе од стотина се повредени.

-115 се хоспитализирани, од нив 5 се деца – 60 од нив се возрасни со многу тешки повреди, а едно дете во критична состојба, пренесува РИА.

.
 
 
 
Путин им посака брзо закрепнување на повредените во терористичкиот напад на концерт во близина на Москва, јави државната новинска агенција ТАСС.