Договорот се случил за време на средбата меѓу катарскиот министер за одбрана, Халид бин Мухамед Ал Атија и неговиот руски колега, Сергеј Шојгу
КАТАР (АА) – Катар и Русија вчера потпишаа договор за воена соработка, објави државната новинска агенција на Катар, пренесува Anadolu Agency (AA).
Договорот се случил за време на средбата меѓу катарскиот министер за одбрана, Халид бин Мухамед Ал Атија и неговиот руски колега, Сергеј Шојгу. За договорот, исто така јави и руската новинска агенција ТАСС.
„Начините за поддршка и промоција на воената соработка меѓу Доха и Москва беа дискутирани за време на средбата меѓу двајцата министри во Русија“, објави катарската агенција.
Двајцата водачи се сретнале на воениот форум во Кубинка, западно од Москва.
Русија и Катар поддржуваат различни страни во граѓанската војна во Сирија. Катар потпиша воени договори со неколку земји во последниве години, вклучувајќи ја и Турција, и има долгогодишни воени врски со САД.