ОДЛОЖЕНО РОЧИШТЕТО ЗА “РОВЕР” ЗА 23 НОЕМВРИ

Сподели

photo_verybig_28556

Во Кривичниот суд денеска повторно беше одложена главната расправа за судскиот случај „Ровер“, бидејќи на закажаното рочиште не се појави адвокатот по службена должност на четворицата првообвинети странски државјани, Предраг Чубрило, Милан Илиќ, Милорад Ковачевиќ и Вук Вукичевиќ. На рочиштето од оправдани причини не присуствуваше ниту обвинетиот Ивица Ристиќ, бидејќи вчера бил примен на лекување во кумановската болница.

Наредното рочиште е закажано за 23 ноември, кога се очекува предметот да почне од почеток, бидејќи Апелацискиот суд досега двапати ја укина првостепената пресуда и случајот го врати во првостепениот суд.

Според првостепената пресуда, за убиството на Маријан Тушевски и на Киро Јанев, од 2001 година, обвинетите Предраг Чубрило, Милан Илиќ и Милорад Ковачевиќ добија казна доживотен затвор, Вук Вукичевиќ беше осуден на 15 години затвор, ексминистерот за внатрешни работи Љубе Бошкоски доби казна затвор од 10 години и шест месеци, првиот човек на обезбедувањето на Бошкоски, инспекторот Зоран Трајковски доби осум години и шест месеци, по седум години затвор добија Сашко Јовановски и Ивица Ристиќ, а по пет години и шест месеци Гоце Митревски и Никола Негриевски.

meta.mk