Пендаровски: Јас нудам прогрес, тие нудат враќање назад

Сподели

Кандидатот за претседател поддржан од коалицијата предводена од СДСМ Стево Пендаровски ги повика граѓаните да излезат масовно на гласање на 8 мај.

“Јас нудам прогрес, тие нудат враќање назад. Ние ја внесовме државата во НАТО и почнавме преговори со ЕУ, тие најавуваат репреговарање на договорите кои го овозможија тоа. Со нас има слобода на говор, тие, ако се дограбат до власт, ќе апсат новинари и ќе имаме режим број 2.

Денеска во Скопје ќе се обединиме за победа. На 8 мај мора да го направиме вистинскиот избор и да не дозволиме да ни ја уназадат државата.”

ИЗБОРИ 2024, Стево Пендаровски