Дозволете ми да го започнам овој настан по повод 100 дена во Влада на Коалицијата ВРЕДИ со искрена благодарност до секој од вас што се собравте овде. Со овие зборови вицепремиерот за добро владеење и транспарентност Арбен Фетаи го отвори својот говор на настанот посветен на 100-те дена од новата Влада.
Во продолжение Фетаи им се заблагодари на сите оние, како што рече, илјадници луѓе со добра волја кои придонеле да се дојде до промената.
„ВРЕДИ две децении по ред беше долгоочекуваното чудо. Храброста беше мотото на оваа коалиција. Промената е главниот збор на она што го направивме заедно! Вреди!“, нагласи вицепремиерот Фетаи.
Тој рече дека денешната средба има за цел да означи ново поглавје во нашата историја како народ.
Ново поглавје по повеќе од 20 години криминал и корупција, 20 години лаги и измами, 20 години крадење на вашите пари и збогатување на мала врхушка на профитери кои за кратко време станаа милионери“, додаде Фетаи.
Во својот говор, Фетаи го цитираше Мандела: Како што рекол големиот Нелсон Мандела, „Никогаш не можеш да имаш влијание врз општеството ако не се промениш самиот… Големите политичари се луѓе со интегритет, чест, но и понизност“, ова е повеќе од изјава, ова е нашата заедничка заклетва и посветеност да ја трансформираме оваа земја.
„Промената не смее да биде само промена. ВРЕДИ никогаш не се осмелува да се гледа како замена на ДУИ, затоа што ВРЕДИ е револт создаден со години, но досега никогаш не канализиран да донесе промени кај Албанците од оваа земја. ВРЕДИ не смее и никогаш нема да стане ДУИ. Можноста што ни е дадена од Албанците, е аманет. А ние манаетот не го газиме, ниту го продаваме”, порача Фетаи.
Со нашето доаѓање на власт, додаде тој, предизвиците со кои се соочивме беа тешки.
„Најдовме масакриран и потрошен буџет со стапка од 71% за изборни цели и кланско и индивидуално богатење. Наследивме застарен систем и заробен од корупциска епидемија која работи против интересите на граѓаните, но кој мора да се ослободи од оние за кои веќе гласаа Албанците“, подвлече Фатаи во својот говор.
Со трудољубивост и трпение, нагласи Фетаи, и покрај дестабилизирачките напори и секојдневната пропаганда од стариот режим, во овие 100 дена ги отстранивме овие пречки.
„Не попуштаме под притисокот на корумпираните и нивната машинерија за лажни вести. Направивме многу добра работа за доброто на Албанците и на секој граѓанин на оваа земја“, нагласи вицепремиерот Фетаи, за да додаде дека и покрај катастрофална состојба во која ги оставија нашите институции и буџетот, дозволете ми со најголема понизност да набројам некои работи што ги постигнавме како влада во овие 100 дена.
„- Со инвестиција од 100 милиони евра во општините до крајот на годината нашите населени места ќе ги трансформираме во погодни средини за живеење кои нудат подобри услови за секој од нас.
– Ги покачивме пензиите за 5.000 денари, со овој чекор ќе се намалат трошоците за живот на нашите родители и баби и дедовци. Тие заслужуваат уште повеќе, а со сета наша енергија ќе се посветиме за достоинствена и удобна старост.
– Ги донесовме првите резултати во борбата против коцкањето кое ги уништи семејствата и ги втурна во долгови. И покрај послушниците на стариот режим, оваа борба ќе продолжи до целосно затворање на коцкарниците, за конечно да се елиминира оваа болест која ги зароби младите и општеството.
– Обезбедивме 600 вработувања за лекари специјалисти, 300 годинава и 300 за следната година. Ова е инвестиција за нашата иднина, да ги задржиме талентите да му понудиме на секој граѓанин на оваа земја квалитетни медицински услуги по прифатлива цена.
– Ја инициравме Албанската академија за уметност и науки. Таа дише и расте секој ден!
Ова се само дел од нашите достигнувања. Многу други проекти и достигнувања во продолжение ќе ги презентираат челниците на Коалицијата ВРЕДИ“, беа дел од постигнувањата на Владата во првите 100 дена кои ги наброи Фетаи.
Тој додаде дека се само на почетокот на долгиот пат. Но, нагласи дека верува оти со заедничка посветеност ќе успеат да изградат праведно, егалитарно и просперитетно општество.
„Ајде да ветиме нешто денес.
Да се ангажираме за промена на нашата реалност кон подобро. Секој глас, секоја мисла, секоја идеја на секој од вас е важен во овој процес“, нагласи Фетаи.
Тој својот говор го заврши со зборовите „обединети, и со помош на стратешките партнери, ќе направиме оваа земја да оди напред кон последната станица на развој и интеграција, на еднаквост и правда“.