Овен
Внимавајте да не ја трошите енергијата на непотребни работи. Не делувајте многу емотивно на евентуалните закаснувања или препреки, и не размислувајте за неважни работи кои се надвор од доменот на вашата работа. Ќе ви бидат нагласени духовните особини. Ќе барате друштво на луѓе со кои делите политички или религиозни ставови, уметнички или образовни интереси. Ќе имате доволно време и да се посветите на секојдневните активности. Ако планирате да започнете нов проект, не двоумете се, ве очекува успех и поддршка од соработниците.
Емотивниот живот се стабилизира и покрај разнишана самодоверба. Ако имате партнер можете да го искористите овој момент за обновување на чуствата, па би можеле да организирате романтична средба која долго ќе остане во вашите сеќавања. Ако сте и понатаму незадоволни во љубовта, променете нешто, но не бегајте од проблемите.
Бик
Чуствувате минлива напнатост, но сепак ќе бидете мирни, а расположението ви се враќа. Дозволете си себе си повеќе време, негувајте го својот изглед. Некои од вас ќе дојдат до некаква реализација. Односите на работното место не се онакви какви што посакувате, но треба да знаете дека не треба постојано да се наметнуавте со своите ставови. На финансиски план нема да дојде до некои поголеми промени, но внимавајте некоја непромислена одлука да не предизвика непланирани трошоци.
Во љубовта ќе морате поотворено да разговарате со вашиот партнер, ако сакате да ги избегнете недоразбирањата. Обидетете се, ќе бидете изненадени од тоа колку вашиот партнер има разбирање за вас. Оние кои се во брак на некој начин ќе се обидат да ја избалансираат врската со партнерот. Но треба да очекувате онолку колку што сте спремни да дадете. Слободните претставници ги очекува интересен предизвик.
Близнаци
Ќе бидете почувствителни од обично. Односите со околината ви се отежнати. Премногу сте горди за да прозборите за вашите проблеми и не сакате да се соочите со работниот неуспех. Сепак секоја ситуација делува корисно. Ослободете се од погрешни навики и прифатете ги зборовите од другите како добар патоказ за понатаму. Премногу темпераментно делувате во ситуациите за кои вашата околина или сакана личност има поинакво гледање и решение.
Едноставно не ќе можете да постигните да посветите доволно внимание на вашиот партнер, па затоа можни се и некои расправии. Бидете повеќе внимателни во односот, а ако повеќе време не сте задоволни од врската, ставете точка и расчистете. Слободните ги очекува љубов на прв поглед која ќе ви донесе убави моменти.
Рак
Ќе помислите дека ништо не ви оди од рака. Односите со околината ви се лоши, а нема да се сложувате ниту со претпоставените ниту со колегите на работа. Ќе биде нагласен отпорот и ограничувањата. Воздржете се, бидејќи во вашите настојувања нема да бидете многу успешни. Иницијативата во врска со некоја важна работа препуштете му ја на личност која е одговорна за нејзино извршување. Некои од вас ќе имаат прилика да заработат дополнителни финансиски средства.
Ако сте во сериозна врска, овој период е важен за нејзината иднина. Слободните би можеле да започнат нова љубовна приказна. Брачните врски се под добро влијание на планетите, па затоа можеби ќе размислувате за проширување на вашето семејство. Во кругот на семејството се чуствувате среќно и за да остане тоа така ќе мора повеќе време да останувате во него.
Лав
Работите не можат да чекаат. Доколку нешто сте пропуштиле неделава тоа мора да го надополните. Ќе бидете во некоја занесеност, а тоа ќе ви биде и главна мотивација за сите ваши активности. Меѓутоа во овој период ќе морате со повеќе внимание да им се посветите на професионалните барања. Многу е важно со кој влегувате во работа. Одбирајте ги деловните партнери и соработници. Занимавањето со креативна работа и правилното користење на енергијата, ќе ви донесе конкретни резултати. Ве очекуваат финансиски потешкотии кои успешно ќе ги разрешите.
Многу ќе ве нервира тоа што некои сакаат да се мешаат во вашиот приватен живот. Ќе бидете под притисок да постапите на одреден начин, а во вас се јавува отпор и желба за слобода. Родените во третата декада ќе имаат убаво љубовно доживување и продлабочување на односите во постоечката врска.
Девица
Неделава би било добро да се држите само на сигурните деловни стази и проверените контакти. Не бидете премногу сигурни во новите пријателства и не му се доверувајте секому. Некои од вас ќе се впуштат во нови деловни авантури и експерименти, но бидете претпазливи во секој момент. Ќе наидете на препреки во работењето доколку се занимавате со интелектуална работа. Бидете внимателни со вложувањето во ризични ситуации, бидејќи можете да дојдете до финансиски загуби.
Ќе успеете да ги спречите љубовните проблеми, односно губење на личноста во која сте вљубени. Вашата љубов ќе ја дарувате на саканото лице. Ќе бидете многу интересни во друштво, а во слободното време ќе бидете опкружени со вашите пријатели. Поттикнати од љубовта, среќни и расположени ќе работите одлично и ќе имате резултати подобри од очекуваните.
Вага
Прекрасно се чувствувате, задоволни сте, а причината е индивидуална. Некои претставници очекуваат деловна експанзија, некои се во нов интересен проект, а пак некои започнуваат со бизнис. Бидејќи периодот е поволен, препуштете се на ваш својствен начин. Ведрината во вас ви дава сила целосно да се посветите на работата, но и задоволството со кое оди, бидејќи и финансиите ќе ви се подобрат. Мала нервоза е нормална состојба, бидејќи почесто сте под стрес, било тоа да е работен или пак семеен. Ќе бидете во форма и за сите видови интелектуални активности.
Вашата љубовна врска се продлабочува, а вие станувате свесни за досега скриени ситници. Во однос на партнерот подгответе некое изненадување и внесете повеќе креативност. Родените во втората декада особено ќе бидат емотивно напнати и експлозивни. Можеби ќе завршите некои љубовни приказни или нерасчистени сметки.
Скорпија
Мислењето на другите неделава многу ќе делува врз вас. Можеби ќе се нервирате поради плеткањето на другите во вашиот живот, но подобро е да се смирите и убаво размислете кого ќе го слушате, а кого ќе го игнорирате. Не обрнувајте внимание на ситните озборувања и подметнувања на работното место, бидејќи ги има доста, дури и оние кои ве сакаат и ви мислат само добро. Ќе се соочите со некакви тешкотиии и ќе биде потребно да се согласите на некаков компромис.
Во љубовната врска во која се наоѓате владее слична состојба. Па размислете и одлучете што сакате и што очекувате од вашиот партнер, а истото важи и за оние кои се во брак. Слободните претставници на овој знак ќе ги загрижува тоа што се сами.
Стрелец
Ве очекуваат доста новини во полето на работата, особено оние кои се занимаваат со интелектуална работа. На ова поле најдобро ќе ги извршувате работните задачи, највероватно поради добрата интуиција и концентрацијата која неделава ќе доминира кај вас. Доколку работата ви е поврзана со повеќе луѓе, контактитете ќе ве измачуваат. Не влегувајте во непотребни расправии. Финансиската состојба и покрај сите очекувања, останува иста.
Во љубовта не се препуштајте само на вашите страсти, туку погледнете малку и во срцето на вашиот партнер. Можете да очекувате мали недоразбирања со партнерот околу роднинските односи. Потрудете се да се дистанцирате од вообичаените семејни нетрпенија. Бидете подготвени на компромиси. Слободните претставници ќе бидат повеќе отворени за дружење и нови контакти.
Јарец
Премногу се оптоварувате со работи кои во овој момент не ви се достапни. Тоа кај вас предизвикува нервоза. Со тоа не само што можете да ги нарушите односите во средината во која живееете и работите, туку и себеси да си предизвикате непотребни проблеми. Паметно испланирајте ги и реализирајте ги вашите деловни акции. Совладајте ја нервозата и ќе ја спречите главоболката. Не се двоумете, туку веднаш изберете некој од колегите кој може да ви помогне и разработете ја работата по етапи. Само на таков начин очекувајте дека ќе имате успех. Поставувате свои услови и брзо ќе забележите дека и другите ги прифаќаат.
Ве очекува пријатно изненадување во вашето семејство. Конечно ќе ви успее да ги погодите намерите на вашиот партнер, кои ќе бидат нешто сосема друго од она што сте го очекувале на почетокот. Ќе забележите дека некој посебно се интересира за вас.
Водолија
Надворешните прилики ќе бидат завртени против вас. Иако проблемите воглавно ќе бидат од деловна природа, вашата приватна сфера ќе трпи. Искористете го моментот бидејќи само со одлучна акција ќе го решите проблемот. Доколку ги вербализирате и тактизирате работите, би можеле да пропуштите одлична прилика. Растргнати сте помеѓу желбите и можностите. Ќе успеете да го реализирате тоа што сте го наумиле, бидејќи не се откажувате така лесно.
Во семејните и љубовните односи бидете попустливи, па дури и ако знаете дека сте во право. Потребна ви е поддршката и разбирањето од другите. Пронајдете алтернативен пат. Во овој момент успехот и тешкотиите се нераскинливо поврзани. Ако сте слободни, приликите за нова врска се поволни, но внимавајте на вашето однесување.
Риби
Потрудете се да го намалите отпорот од околината. Време е да завртите нов лист и да го напуштите сето тоа што ве оптеретувало веќе подолго време. Ќе се чуствувате подготвени да тргнете понатаму што ќе ви донесе подобрување во вашата психичка состојба. Подгответе се за нови и возбудливи настани кои ќе ги има доста. Немојте да барате помош од страна, бидејќи таа може да биде недобронамерна или некритична.
И приватните односи ќе ви бидат во криза, пазете се од љубомора. Оние кои се во брак ќе треба цврсто да се држат заедно за да можат зеднички да го решат проблемот кој ги засегнува. Ако сте слободни, излегувањето со една важна или многу драга личност предвидува дека вашите замисли комплетно ќе се реализираат. Бидете фини, складни и недостижни во конверзацијата, бидејќи само така ќе оставите добар впечаток.