ЛДП: Законот за легализација на канабис за медицински цели не одговара на потребите на граѓаните

Сподели

ldp3-540x270

ЛибералноДемократската партија, како еден од иницијаторите на Законот за легализација на канабисот во медицински цели, воопшто не е задоволна од неговото спроведување. Се потврдуваат нашите стравувања дека Владата на ДПМНЕ овој закон го донесе од чист интерес во договор со фармацевтската индустрија, исклучиво за нивна взаемна корист, а на штета на граѓанинот, стои во соопштението на партијата.

Уште од самиот почеток на спроведувањето на овој закон се покажа дека е лошо осмислен и декаистиот не помага на оние на кои им е најпотребна терапија од ваков тип. Имено маслото кое може да се најде во аптеките во Македонија е со раствор, чија што количинавоопшто не е доволна за да ги даде посакуваните резултати при терапијата. Згора на тоа цената на шишињата од 9,000 денари е далеку од стандардот на македонскиот граѓанин. Што значи, со законот за легализација ма канабис македонскиот граѓанин доби можност за изгор скапа терапија со низок квалитет.

Сите овие констатации само покажуваат дека ваквото законско решение нема за цел да им помогне на граѓаните кои имаат потреба од маслото од канабис како средство за лекување, туку владата на ДПМНЕ се реши да шири популизам и да собира поени врз грбот на оние кои имаат потреба од ефикасен и достапен лек.

ЛДП во периодот што следува ќе понуди ново ревидирано законско решение кое ќе биде во интерес на сите корисници на канабис, законско решение кое ќе одговори на потребите на обичниот граѓанин а не исклучиво за профит на фармацевтската индустрија.