ПОЧИНА ПОРАНЕШНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ИЗРАЕЛ ШИМОН ПЕРЕС, ДОБИТНИК НА НОБЕЛОВАТА НАГРАДА ЗА МИР

Сподели

simon-perez-felc-gecirdi-hastaneye-rpky

Поранешниот претседател на Израел, добитник на Нобеловата награда за мир, Шимон Перес, почина синоќа на 94-годишна возраст, две недели откако претрпе голем мозочен удар.

Перес бил еден од последните преживеани основачи на модерниот Израел. Роден е во Полска како Шимон Перски во 1923 година, а 11 година подоцна се преселил во мандатна Палестина со своето семејство.

Пораснал во Тел Авив, завршил средно земјоделско училиште, а потоа работел како фармер и пастир. Потоа запишува студии на „Харвард“ во Њујорк, САД. Бил премиер и претседател на Израел и лидер на Лабуристичката партија. Тој е прв Израелец кој бил претседател на влада и шеф на држава.

За време на седумдецениската политичка кариера, бил на речиси сите значајни позиции во владата и играл клучна улога во историјата на земјата и како борец и како миротворец.

Израелското Министерство за надворешни работи соопшти дека многу светски лидери ќе присуствуваат на погребот на поранешниот претседател Шимон Перес, закажан за петок, пренесоа американските медиуми.

 Меѓу високо позиционираните личности, кои се очекува да пристигнат се американскиот претседател Барак Обама, Бил и Хилари Клинтон, папата Франциско, принцот Чарлс и канадскиот премиер Џастин Трудо.

Израелскиот претседател Реувен Ривлин денеска информира дека ќе ја прекине својата официјална посета на Украина за да присуствува на погребот на Перес, пренесе ДПА.