Јанева ја напушти и седницата на Советот на јавни обвинители поради мобинг

Сподели

14513765_10208878243666578_949981062_o-860x680

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, ја напушти седницата на Советот на јавни обвинители, со образложение дека ѝ се врши мобинг и дека обвинителите ја прашувале за сè само не за извештајот.

Откако излезе од салата, таа даде изјава и рече дека е задоволна од начинот на кој течела седницата и во иднина се надева на поголема соработка со Советот на јавни обвинители.

– Генерално сум задоволна од тоа како течеше седницата, прашањата, презентацијата на извештајот, но морам да кажам дека последните прашања, кои повеќе беа навреди на лична основа, не беа во ред и токму од тие причини ја напуштив седницата. Мислам дека моето мислење го делат и другите членови на Советот на јавни обвинители, кои, исто така, ја напуштија седницата – рече Јанева.

Членот на Советот, Зоран Сулејманов, поради кој Јанева ја напушти седницата, рече дека таа е непрофесионална, не си ги извршува своите обврски и не сака да одговара на прашањата што тој ѝ ги поставува. Тој рече дека Јанева е неисполнителна и зборува само за тоа што таа сака да зборува и дека не покажува никакво почитување кон Советот. Тој на Јанева ѝ рече дека „некои работи ќе се обиде да ѝ ги објасни како што им објаснувал на неуките странки кои доаѓале кај него и се жалеле“. Сулејманов рече дека Јанева ги исполнува условите Советот да побара нејзина смена.

– Иако на некои луѓе по неколкупати сум им објаснувал, едноставно не разбираат. Ним им велам дека доаѓаат во земјоделска аптека и сакаат да купат боза. Еве, на ист начин ќе се обидам и Вам да Ви објаснам и можеби ќе сфатите што сакам да кажам – рече Сулејманов.

 

Претходно, Јанева одговараше на прашања и на забелешки што ѝ ги поставуваа обвинителите.

Јанева во понеделникот ја напушти и собраниската седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, како што рече, поради мобинг и навредливи прашања од пратениците.

meta.mk