СТУДЕНТСКИ ПЛЕНУМ: ДЕНЕСКА ВТОР ОТВОРЕН СОБИР ПРЕД УКИМ

Сподели

studentski-plenum1

Во пресрет на студентскиот референдум кој е закажан за 5 октомври (среда), Студентскиот пленум денеска од 17 часот ги повикува сите студенти и колеги на вториот отворен собир на платото пред УКИМ.

На Собирот се очекува повторно да бидат презентирани и дискутирани промените во студентското организирање. Моделот за кој Студентски пленум се залага е Студентскиот парламент при УКИМ да стане тело во рамки на Универзитетот, а со тоа да се зголеми контролата на парите кои оваа невладина организација ги троши, како и да има увид во начинот на кои се вршат студентските избори.

Оттука, референдумското прашање на 5 октомври ќе гласи: „Дали телото кое те претставува, во рамките на универзитетот, да продолжи да биде невладина организација?“.

Изборни места за престојниот референдум ќе има на сите 23 факултети на УКИМ, а изборните комисии со цел да се одржи транспарентност, ќе бидат составени од доброволци кои се пријавуваат на јавен повик.