Бан Ки-Мун: Нуклеарните сили итно да го уништат нуклеарното оружје

Сподели

thumbs_b_c_515414728346e387cdc033ea7d54f968

ЖЕНЕВА (АА) – Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун изјави дека сите земји што поседуваат нуклеарно оружје се должни да го уништат тој вид на оружје и до нив упати апел за итно нуклеарно разоружување, јавува Anadolu Agency. (AA).

Генералниот секретар на ОН, Бан, во канцеларијата на ОН во Женева учествуваше на церемонијата на засадување на садниците на гинко билоба (најстарото дрво на светот отпорно на студ и надворешни загадувања), кои ги испратил градоначалникот на Хирошима и претседател на организацијата „Градоначални за мир“, Казуми Матсуи.

Генералниот секретар на ОН, Бан, во говорот што го оддржа за време на церемонијата истакна дека засадувањето на садниците во дворот на ОН во Женева претставува почит кон загинатите во Хирошима на 6 август 1945 година. „Овие убави садници се симбол на отпорот и мирот“.

Генералниот секретар на ОН истакна дека сите земји што поседуваат нуклеарно оружје се должни да го уништат тој вид на оружје и до нив упати апел за итно нуклеарно разоружување.

Бан ги повика сите жители на светот, особено младите, да извршат притисок врз државните лидери за нуклеарно разоружување. „Се надевам дека идните генерации ќе го видат ова симболично дрво и ќе се присетат како во име на иднината, се обединиле за безбедноста на светот и за нуклеарното разоружување“, изјави генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун.