Протести во Атина: Грчката полиција употреби солзавец против пензионерите

Сподели

Протести во Атина: Грчката полиција употреби солзавец против пензионерите

 ( Ayhan Mehmet – Anadolu Agency )

АТИНА (АА) – Грчката полиција употреби солзавец против пензионерите кои денес се собраа пред канцеларијата на грчкиот премиер во Атина, во знак на протест против пензиските реформи, јавува /Anadolu Agency (AA).

Околу 1.000 лица, вклучувајќи и постари пензионери, излегоа денеска во знак на протест. Десетиците демонстранти се обидоа да го пробијат полицискиот кордон, извикувајќи: „Срам да ви е!“.

Демонстрантите се обидоа да го превртат автобусот на интервентната полиција, која одговори со солзавец.

Левичарската влада на Алексис Ципрас, во мај оваа година одобри намалување на пензиите во рамките на реформата на пензискиот систем, која меѓународните кредитори ја побараа од грчката влада. Во последниве неколку години, пензиите во Грција драстично се намалија, а реформите ќе опфатат и постепено укинување на предвременото пензионирање, како и постепено зголемување на минималната возраст за пензионирање на 67 години.