10 работи што психички јаките личности не ги прават

Сподели

Менталната сила обично се рефлектира во тоа што “не” го правите. Исто така психичките јаки личности знаат како да ги контролираат мислите, емоциите и однесувањето

545a2107-cd58-496e-878e-7860b0765237-inteligencija-preview

    1.Не трошат време саможалувајќи се.

Саможалувањето е автодеструктивен процес. Ви троши време, создава негативни емоции и ви пречи во врска со партнерот. Клучот против ова е да го цените она што го имате.

  1. Не се плашат од промена.

Промената е составена од пет процеси: предосмислување, осмислување, подготовка, акција и одржување. Промените најчесто се застрашувачки но држејќи се настрана од промени си го кочите напредокот. Колку подолго чекате, толку потешко за вас.

  1. Не се фокусираат на работите што се надвор од нивна контрола.

Пробувајќи се да ставите под ваша контрола раѓа чувства на анксиозност. Ако го свртите фокусот од работите што не можете да ги контролирате, тоа ќе ви донесе среќа, помалку стрес, повеќе можности, подобра врска и поголем успех.

  1. Не се преокупираат да им удоволат на сите.

Најчесто си формираме слика за самите себе според тоа што другите мислат за нас. Проблемот со тие што постојано се обидуваат да им удоволат на сите е што лесно се манипулираат. Ако прекинете со ова ќе бидете посилни и со поголема самодоверба.

  1. Не се плашат да превземат пресметани ризици.

Луѓето најчесто се плашат да ризикуваат во било која смисла, дали финансиска, емотивна, бизнис. Обично ова произлегува од стравот. Пред да превземете ризик запрашајте се:

Што е цената на ризикот ? Што е добивката ? Како ќе ми помогне ова да си ја постигнам целта ? Кои се алтернативите ?  Што е најдоброто и најлошото што може да се случи со донесување на ризикот ?

  1. Не живеат во минатото.

Минатото е “минато”. Не можете да смените нешто што веќе се случило. Навраќање на минатото може да биде самодеструктивно и води кон депресија.

Но во некои случаи потсеќање на минатото може да помогне ако ги гледате минатите ситуации од нова перспектива а не преку емоции.

  1. Не ја повторуваат истата грешка повеќе пати.

Важно е да проучите како и што сте згрешиле, што сте можеле подобро да направите и како во иднина да не ја повторите истата грешка. Ментално силните луѓе прифаќаат одговорност за своите грешки и коваат план да не ја направат истата грешка во иднина.

  1. Не се откажуваат после првиот неуспех.

Успехот никогаш не се случува моментално и неуспехот е нешто што ќе мора да го пребродите. Мислата дека неуспехот е неизбежен е контра продуктивна. Баш напротив, враќањето после неуспех ве прави посилна личност.

  1. Не мислат дека светот им должи нешто.

Лесно е да бидете лути на светот за вашиот неуспех, но вистината е дека ништо не му припаѓа на никого. Се мора да се заслужи. Животот не е фер и некои луѓе имаат повеќе среќа и успех од другите, но тоа не значи дека некој ви должи нешто.

Клучот е да се концентрирате на вашите напори и да ги препознаете вашите мани. Ако се споредувате со други луѓе само ќе се разочарате.

  1. Не очекуваат инстантни резултати.

Треба да развиете реалистични очекувања и да сфатите дека успехот не доаѓа преку ноќ. Ментално слабите луѓе се најчесто нетрпеливи. Само работете неуморливо кон вашата цел. Секогаш ќе има пропратни неуспеси, но гледајте ја “големата слика”.