Емоционалната интелигенција (EQ), е одговор на прашањето зошто просечно интелигентните луѓе, во 70% од случаите се поуспешни од оние надпросечно интелигентните. Емоционалната интелигенција беше делчето од сложувалката кое недостигаше
Децении истражувања докажаа дека емоционалната интелигенција е факторот кој е клучен за успехот, поважен дури и од когнитивната интелигенција.
Емоционалната интелигенција влијае како се однесуваме со другите луѓе и како реагираме на различни социјални ситуации. Иако не е лесно да се одреди и процени емоционалната интелигенција кај еден човек, сепак постојат знаци дека една личност има висок степен на емоционална интелигенција. Споделуваме неколку од тие знаци:
Поседуваат богат вокабулар за изразување емоции
Сите луѓе, помалку или повеќе, имаат емоции, но не секој може правилно да ги идентификува и изрази. Според истражувањата, само 36% од луѓето знаат правилно да ги препознаат и изразат своите емоции. Останатите се соочени со забуна, и често носат ирационални одлуки, не можејќи да ги препознаат правилно своите емоции.
Љубопитни се за другите луѓе
Оваа љубопитност е поврзана со емпатијата и желбата да се помогне на другите, а не барањето теми за озборување.
Ги прифаќаат промените
Луѓето со висока емоционална интелигенција се флексибилни и лесно адаптивни. Знаат дека промената е можна, но и потребна од време на време. Знаат дека стравот од промени е основната препрека до успех и среќа.
Ги знаат своите силни и слаби страни
Емоционално интелигентните луѓе, не само што знаат да ги препознаат и изразат своите емоции, туку и знаат во кој дел се силни, а во кој слаби.
Добро знаат да проценат карактер
Емоционалната интелигенција во суштина гравитира околу препознавањето и проценувањето на околината, на луѓето. Да знаете да процените низ што минува една личност. Можеби поминува низ тежок период. Проценката, исто така, се однесува и на способноста за одредите дали некоја личност има добри или зли намери.
Не се навредуваат лесно
Сигурно сте запознале, а можеби и самите сте од тие карактери на личности, што многу лесно се навредуваат, дури и од најмала ненамерна ситница. Тие го анализираат секој збор и бараат некаква потенцијална навреда за нив или скриена порака. Емоционално интелигентните луѓе, не се навредуваат лесно.
Дури знаат и понекогаш да се нашалат на својат сметка, убаво знаејќи дека сепак постои разлика помеѓу шала на своја сметка и деградација (понижување). Луѓето со слаба самодоверба секоја шала на нивна сметка или критика ја сметаат за понижување и деградација. Тоа ги прави кршливи и неспособни да напредуваат ниту во кариерата, ниту генерално во животот.
Знаат кога да кажат НЕ (и на себеси и на другите)
Емоционалната интелигенција значи висока само-контрола. Треба да избегнувате импулсивни реакции и треба да знаете дека способноста да кажете НЕ, кога сметате дека е потребно, го намалува стресот, дури и депресијата. Зборот НЕ е моќен збор. Емоционално интелигентните луѓе го користат него, а не фразите: „мислам дека нема да можам“, или „не сум сигурен/на.“
Ги прифаќаат повремените грешки како неизбежни
Ги прифаќаат повремените грешки како неизбежни, но секогаш гледаат како да се подобрат, и да не ги заборават целосно. Сепак знаат дека постојаното мислење на грешките нема да донесе ништо добро, туку смао ќе ги кочи во напредокот.
Ги неутрализираат токсичните луѓе
Не знаете колку енергија одземаат токсичните луѓе во вашите животи. Луѓето кои само се жалат и кои не превземаат акција, луѓето кои се циници и оговарачи. Оттргнете ги од вас. Тие само ја трошат вашата енергија потребна да созревате и напредувате во животот.
Не бараат совршенство
Такво нешто не постои. Дајте им значење на успесите кои ги имате, на постигнувањата. Не мора секогаш да сте незадоволни и да барате совршенство.
Го почитуваат и благодарни се за она што го имаат
Креативноста, интелигенцијата, здравјето се работи доволни да бидеме благодарни, на себеси и на природата.
Не дозволуваат никому да ја намали нивната радост
Кога дозволувате радоста и задоволството да доаѓаат од мислењата на другите луѓе, тогаш вие не сте сопственик на својата среќа. Во ред е да ја валоризирате критиката од другите луѓе, макар била и негативна. Но, треба да откриете кога таа е искрена и ви помага да се подобрите или само ја убива вашата среќа и чувство на радост.