Александар Пандов за Фокус тврди дека ГДОМ не организира никаков контрамарш на 16 октомври, откако на социјалните мрежи се појавија информации дека претстојниот викенд е можно да има организирано собирање во Скопје, како реакција на опозицискиот марш закажан за утре.
– Не гледам причина зошто би организирале контрапротест на протестот на опозицијата на 11 Октомври. Колку што разбрав, ним им треба да се соберат и да покажат колку се силни сега пред избори. Таман работа тоа да биде повод или мотив за каков било протест или контрапротест. ГДОМ секоја недела организира поголеми собири низ повеќе градови, така ќе биде и оваа недела, но тие не се поттикнати од протестот на опозицијата – изјавил Пандов за Фокус.
Тој не ја исклучил можноста да се случи голем протест, ако опозицијата, ако што вели продолжи да заговара федерализација на Македонија.
социјалните мрежи се споделува фотографија од смс порака со барање за присуство на некаков настан следната недела (16.10) во Скопје, за кој е обезбеден превоз а за кој се прават списоци по месни комитети.
Неофицијалните информации се дека преку неформални организации како што е ГДОМ власта ќе организира собири, наводно против федерализација.
Идејата на власта е да ја обвини опозицијата и нејзиниот лидер Зоран Заев дека наводно сака да направи федерализација, и со тоа да се обиде да го сврти вниманието од обвиненијата за милионски криминали и злоупотреби на самата власт, за што веќе има отворено и повеќе предмети од страна на СЈО.
Контрасобирот (или собирите) ќе се случуваат по најавениот масовен граѓански марш во организација на Заев и повеќе истакнати личности од општествениот живот, кој ќе се случи на 11 октомври во Скопје, па на социјалните мрежи овие провладини собири веќе се карактеризираат како контра-марш(еви).