Изборната кампања во Бугарија за претстојните претседателски избори, изборите за потпретседател и националниот референдум официјално започна вчера.
Во борбата за претседател и потпретседател на Бугарија се борат 21 пар, кои се поддржани од партиите и коалициите. Според Изборниот законик, објавување на анонимни материјали поврзани со изборната кампања се забранети.
Државата овозможува средства за медиумите во висина од 40.000 лева.
На шести ноември ќе се одржи и национален референдум. Прашањата кои ќе им бидат поставени на бугарските граѓани се: Дали поддржувате заменици да бидат избрани со мнозински систем? Дали поддржувате изборите да бидат задолжителни? Дали го поддржувате намалувањето на субвенции?