АЦ ОРИОН: Најголемиот радио телескоп наскоро во употреба

Сподели
Најголемиот радио телескоп во светот ќе биде завршен и пуштен во употреба кон крајот на септември, придружен со сите потребни прописи да се заштити објектот и да се обезбеди радио тивка зона. Изградбата на ФАСТ (Five hundred meter Aperture Spherical Telescope – FAST), е влезена во крајната фаза во јужнозападната планинска провинција Гуиџоу во Кина.

радио телескоп

ФАСТ телескопот со дијаметар од 500 метри
Со површина која зафаќа околу 30 фудбалски игралишта, ФАСТ телескопот кој е 500 метри во дијамтер, го засенува 300 метарскиот телескоп Аресибо во Порто Рико кој до скоро беше најголемиот единечен радио телескоп во светот.

кинески телескоп

Церемонија при поставувањето на последниот алуминиумски панел кој заедно со конструкцијата тежи околу 2 тони. Целиот телескоп има околу 5.000 вакви триаголни панели
Провинциската законодавна власт донела нови закони да ја загарантира сигурната употреба на објектот. Законот ќе стапи на сила од 25 септември. Според прописите на ФАСТ му е потребна радио тишина во радиус од 10 километри. Прописите исто така забрануваат активности како ловење, собирање на дрва или обработка на земјата во блиската околина, и забрана на палење логорски оган.

Picture

Конструкцијата на ФАСТ е започната во март 2011 година со буџет од 120 милиони долари, кон крајот на изградбата потрошени се околу 200 милиони долари.
Околу 9.000 луѓе беа преселени од близината на радио телескопот за да се избегнат сите вештачки извори на радио сигнали и шум.
Автор: Зоран Ацевски