Сите ние се кршиме внатре во себе
На миљон делови
пукаме внатре
пукаме ко дрво во камин средe ладна зима
пукаме ко жица од гитара кога го свири најубавото соло пред публика
пукаме ко коцка лед кога ја стваме во чаша кока кола…
Баба ми еднаш ми рече
-Сите ние се кршиме внатре во себе
А тогаш никој не може да ни помогне
Ниту најдобрите доктори кој го познаваат најдобро телото
Ниту најдобрите психијатри кој го познаваат најдобро умот
Ниту еден Бог кој ја познава најдобро душата…
Тогаш може повторно да не состави само оној кој најмногу не љуби
Само нашата сродна душа!
Само она!